Доење
Дружењето и запознавањето со новороденчето е прекрасно искуство за новата мајка. Родителството носи и предизвици, а еден од поголемите е започнувањето со доење. Во продолжение неколку корисни совети кои ќе Ви помогнат додека доите. Ќе научите како правилно да го воспоставите доењето, каква треба да биде исхраната за време на доењето и како да се справите со најчестите проблеми при доењето. Ќе Ви помогнеме доењето да помине без потешкотии за Вас и новиот член на семејството.