19 занимливости за бременоста
Бременоста е неверојатен период кога мајката и бебето поминуваат низ многу промени заедно. Многу од овие промени се очекувани, но има и голем број промени кои можат да изненадат. Веруваме дека не можете да знаете се, затоа за Вас подготвивме неколку занимливости за тоа што се случува со Вашето тело и Вашето бебе за време на бременоста.
- Поголемо срце
За време на бременоста Вашето срце ќе се зголеми во фигуративна и буквална смисла. Количината на крв се зголемува и до 50%, срцето почнува да чука побрзо и посилно и се зголемува како би можело да го поддржи новиот живот што расте во Вас. - Тивок плач
Бебињата многу плачат кога ќе се родат. Дали знаевте дека и пред да се родат можат да плачат во Вашата матка? Студиите покажале дека тоа може се случи веќе во 28-та недела од бременоста, а тивкиот плач е форма на комуникација помеѓу бебето и мајката. - Нови чевли
Дали забележавте дека чевлите Ви се премногу мали? Ова е сосема нормално. Во бременоста, стапалата може да се зголемат за цел број од неколку причини. Поголема телесна тежина, отечени нозе и слабеење на лигаментите, може да значи дека ќе мора да купите нов пар на поголеми чевли. - Лактација пред раѓање
Идните мајки можат да произведат млеко неколку месеци пред очекуваното раѓање, бидејќи телото веќе се подготвува за нов член на семејството. - Промена на гласот
Хормоналните промени во бременоста исто така можат да влијаат на Вашиот глас. Тие можат да предизвикаат отекување на гласните жици, што ќе го промени тонот на Вашиот глас. Без грижи, Вашиот глас ќе се врати по породувањето или доењето. - Откривање на мама
Вашето бебе е попаметно отколку што мислите. Во третото тромесечје од бременоста, тoa веќе од матката може да го препознае Вашиот глас. Затоа, слободно разговарајте со Вашето бебе или пејте му песнички. - Поголема матка
Не е тајна дека за време на бременоста, матката ќе расте заедно со детето. Меѓутоа, нејзиниот раст е навистина зачудувачки. Пред зачнувањето, матката е голема колку портокал, а до третото тромесечје од бременоста, матката е голема како лубеницата. Според некои податоци, се зголемува дури 500 пати за помалку од шест месеци. - Краткотраен дијабетес
Гестациски (труднички) дијабетес или шеќерна болест се јавува кога нивото на шеќер во крвта кај бремената жена е премногу високо и панкреасот не може да произведе доволно инсулин. Дијабетесот обично исчезнува по раѓањето на детето. - Лигаментите се олабавуваат
За време на бременоста од плацентата и јајниците се ослободува хормонот релаксин, кој ги олабавува лигаментите во женскиот организам и го релаксира ѕидот на матката. При подготовка за породување, ги релаксира лигаментите во карлицата и го омекнува и проширува грлото на матката. Меѓутоа, поради лабавите лигаменти, постои можност за повреди, болки или нестабилност. - Подобра перцепција на мирис
Во текот на првото тромесечје, бремените жени имаат неверојатно остро чувство за мирис. Оваа „натприродна моќ“ може да биде навестување дека сте бремени пред тоа да Ви го покаже тестот за бременост. Научниците веруваат дека сетилото за мирис е повеќе развиено еволуциски, со што се спречува консумирање опасна или расипана храна за време на бременоста. - Полошо помнење
Сигурно сте чуле за „труднички мозок“. Според истражувањата, овој термин се базира на вистина, затоа што до 80% од бремените жени имаат послаба меморија. Причината за лошата меморија се уште не е откриена, но се верува дека на тоа влијае стресот, недостаток на сон и исцрпеност. - Дегустација на храна
Детето уште во матката може да биде вистински гурман. Силниот вкус на храната што ја јадете често може да патува низ плодовата вода, каде што бебето ќе го вкуси и ќе остане во неговата меморија по раѓањето. - Убава коса
За време на бременоста, Вашата коса може да стане бујна и здрава и што е најважно, ќе расте побрзо. Влакната зајакнуваат и на другите делови од телото, како што се стомакот, лицето и грбот. - Вашиот стомак станува тоалет
На четири месеци, Вашето бебе веќе може да уринира во Вашиот стомак. За еден ден може да уринира дури и еден литар урина, но потоа тоа ја пие и циклусот започнува повторно. - Сопствен отпечаток
До 20-та недела од бременоста, бебето ќе развие свои уникатни отпечатоци на прстите. - Развој на јајце клетки
Додека е во Вашата матка, Вашето девојче ќе ги има развиено сите јајце клетки што некогаш ќе ги има. Меѓутоа, ако имате момче, спермата ќе се развие во пубертетот. - Млечни заби
Само околу 1 од 2.000 бебиња се раѓаат со заби. Тие обично се отстрануваат веднаш по раѓањето. - Икање
Дали чувствувате лесно тропкање во стомакот или чуден притисок? Најверојатно е само икање од Вашето бебе. - 'Рчење
Оваа интересна информација најверојатно најмалку ќе му се допадне на Вашиот партнер, бидејќи во текот на бременоста можно е повеќе да 'рчите. Причината е оток на носната мембрана предизвикана од бременоста.
Собравме само неколку интересни занимливости кои веруваме дека ќе Ви бидат од корист. Сè уште има доста непознати информации за бременоста и развојот на детето, затоа разговарајте за Вашите очекувања со Вашиот гинеколог.
Иако бременоста е магичен период полн со непознати информации, потребите на мајката и детето се добро познати. И за време и по бременоста, добро е да се обезбеди соодветна доза на витамини, минерали и хранливи материи неопходни за здрав развој и здравје на мајката и бебето. Сè што Ви е потребно во соодветна количина го содржат Novalac Prenatal капсулите.