Novalac Prenatal капсули > Планирање на бременост > Витамини и минерали пред и за време на бременоста

Витамини и минерали пред и за време на бременоста

Балансираната и разновидна исхрана кај здрава жена треба да ги обезбедува сите потребни макро и микроелементи. За жал, современиот начин на живот често доведува до неправилна исхрана. Затоа денес, на глобално ниво, зборуваме за недостаток на одредени хранливи материи, претежно железо, витамин Д, омега-3 масни киселини и цинк. Жените кои планираат бременост и бремените жени спаѓаат во ризични групи за развој на дефицит на микроелементи, поради што многу често се предлага суплементација, односно земање додатоци во исхраната.

Суплементација – да или не?

Во периодот на планирање на бременоста покрај правилната и балансирана исхрана, која ги вклучува сите групи на храна, се советува дополнителна суплементација со фолати, идеално во облик на метил фолат, потоа омега-3 масни киселини, а во зимските месеци, се препорачува и витамин Д₃ како додаток.

Еден од најважните витамини во периодот пред зачнувањето е фолатот. Недостатокот на овој витамин предизвикува нарушување во развојот на невралната цевка кај фетусот, како резултат на што детето се раѓа со доживотна аномалија наречена spina bifida (нецелосно затворање на 'рбетниот мозок). Од таа причина суплементацијата со фолати станува вообичаена, што значително ја намалува појавата на овие нарушувања. Но, недостаток на многу други хранливи материи исто така може да предизвикаат абнормална бременост и развој на фетусот.

Недостатокот на железо влијае на скоро 40% од жените и предизвикува анемија кај 75% од бремените жени, а недостаток на витамин Д е присутен кај дури 20% до 50% од бремените жени, што е поврзано со прееклампсија (висок крвен притисок проследен со протеини во урината) и мала коскена густина кај детето. Поради тоа, пренаталните додатоци во исхраната кои се достапни веќе неколку децении, обезбедуваат адекватен внес на витамини и минерали кои се клучни за одржување на правилен нутритивен статус, нормална бременост и правилен развој на фетусот. Сепак, недостаток на многу други хранливи материи исто така може да предизвикаат абнормална бременост и развој на фетусот.

Недостаток на клучни хранливи материи во бременоста

Бременоста е еден од најсложените периоди од животот на жената, бидејќи тогаш се зголемуваат нутритивните потреби за скоро сите микроелементи, кои продолжуваат и за време на доењето. Покрај тоа, дневните потреби за одредени хранливи материи за време на доењето се дури и поголеми отколку во бременоста, на пример витамин А и витамин Ц, како и цинк, јод и селен.

Соодветно внесување на омега-3 масни киселини е од суштинско значење за здравјето на секој човек. Имено, недостатокот или нерамнотежата на омега-3 и омега-6 масните киселини предизвикува многу здравствени нарушувања. Омега-3 масните киселини имаат антиинфламаторно и имуномодулаторно дејство, а кога станува збор за бременоста, докозахексаеноичната (ДХА) масна киселина има докажана улога во развојот на мозокот и видот на детето за време на бременоста и првите две години од животот.

Затоа додатоците во исхраната наменети за бремени жени и доилки често содржат ДХА.Недостатокот на  омега-3 масни киселини, витамин Д, витамин Б12, фолати и железо е поврзан со компликации во бременоста и докажано е дека со нивна соодветна суплементација значително се намалува појавата на предвремено породување и мала родилна тежина на детето.

Препорачливо е да се земаат пренатални додатоци пред, за време и по бременоста. Ова е особено важно за жени кои се занимаваат со интензивна физичка работа (фитнес тренери, воспитувачки, медицински сестри...), жени кои се на посебни диети (веганство, вегетаријанство, LCHF или кето диета), како и жени кои се под голем психички стрес заради работата или начинот на живот. Земањето на мултивитамини и минерали наменети за пренаталниот период ја намалува можноста за бременост со ризик за недостатоци и развој на дефицити.

Планирање на бременост

Дали планирате да го проширите семејството? Зачнувањето е многу важна одлука затоа што внесува нова радост и грижа во животот на идната мајка.

Прочитај повеќе

Бременост

Секоја бременост е нешто посебно. Што ќе се случи за време на бременоста, како да се подготвите за бременоста и за породувањето, кои се упатствата за исхрана во бременоста.

Прочитај повеќе

Novalac Prenatal капсулите се додатоци во исхраната. Додатоците на исхрана не се замена за балансирана исхрана.