Novalac Prenatal капсули > Бременост > Подгответе го домот за новиот член на семејството

Подгответе го домот за новиот член на семејството

Pripravi svoj dom na novega družinskega članaВо последниот месец од бременоста на Вашиот список има уште многу работи за кои сè уште не сте имале време да ги завршите. Покрај сите пропратни симптоми на бременоста, Вашите раце се полни со работа поврзана со купување работи за бебето, прегледи и средби со сите оние за кои, за жал, нема да имате време во следните неколку недели. Сепак, добро е да одвоите малку време пред доаѓањето на новиот член на семејството и да го прилагодите Вашиот дом според неговите потреби.

Знаеме дека чистењето и подготвувањето на домот е голема работа, затоа ви подготвивме неколку совети како да ја уредите секоја просторија во Вашиот дом. Но, пред да започнете со чистење, треба да посветите посебно внимание на:

  • Сè што детето може да преврти, да скрши или да го стави во уста.
  • Цвеќиња во Вашиот дом. Некои растенија можат да бидат токсични доколку се проголтаат.
  • Средствата за чистење кои ги користите. Фрлете ги сите неискористени средства и оние со истечен рок на траење. Средствата за чистење кои Ви се потребни заклучете ги во шкафчето. Бидете сигурни дека средствата за чистење се погодни за бебиња. Всушност, добро е ако на пакувањето ги пишува следниве упатства: биоразградливо, без фосфати, без ТВС, нетоксично или органско (био, еко). Доколку имате време, сами можете да подготвите природни и здрави средства за чистење.
  • Чаршавите и украсите на масата е најдобро се отстранат. Може нешто да се скрши или истури, а уште полошо е ако детето повлече нешто од масата врз себе.
  • Сите електрични апарати и приклучоци во куќата. Исклучете ги уредите или купете заштита за да ги заклучите и да ги обезбедите штеќерите со штитници за деца. Ако имате кабел на подот, свиткајте го и залепете го на мебелот.
  • Фиоки и ормани кои содржат опасни предмети. Најдобро е да ги заклучите или да ги заштитите со штитници за деца, бидејќи децата се исклучително љубопитни суштества.

Сега кога ги отстранивте сите опасни предмети и го направивте домот побезбеден за Вашето дете, време е темелно да го исчистите. Бидејќи ќе имате малку време за чистење во наредните месеци, Ви препорачуваме овој пат навистина добро да ја организирате работата, но само во рамките на Вашите можности или со помош на други луѓе. Подготвивме неколку итни задачи кои е потребно да ги направите пред да пристигне бебето:

  • Длабински исчистете ги теписите, платнениот мебел и завесите.
  • Исчистете ги сите отворени површини: работна површина во кујната, мијалникот, тоалетот, туш кабината или кадата.
  • Испразнете и исчистете ги фрижидерот и замрзнувачот.
  • Исчистете ги sидовите (совет за избор на боја: боја која може да се чисти, од која можете да ги избришете дамките на sидовите со влажна крпа).
  • Исперете и средете ги сите алишта и постелнини (совет: внимавајте детергентите да не содржат штетни материи и да немаат додадени мириси; достапни се специјални детергенти погодни за работи кои доаѓаат во контакт со бебето).
  • Погрижете се за козметичките производи: проверете дали кремите и средствата за бањање се соодветни за бебето. За да се одржи микробиотата на кожата во одлична состојба, клучно е да се користат благи производи за бањање кои се погодни за бебиња и се без додадени мириси. Нежното чистење ја одржува природната pH рамнотежа на кожата и промовира оптимална средина за здрава микробиота на кожата. Проверете ги состојките напишани на производот и избегнувајте: формалдехид, кватерниум-15, диетаноламин, фталати, сулфати и парабени, како и многу други супстанци кои можат да Ви наштетат на Вас и Вашето бебе.
  • И непосредно пред породувањето: исчистете го целиот дом со правосмукалка, исчистете ги полиците, мебелот, ламбите, орманите, измијте ги подовите ...

Вашиот дом сега е безбеден и чист за пристигнување на новороденчето. Време е да започнете со опремување и подготовка на просториите, бидејќи со пристигнувањето на детето е потребен ред во секоја од нив.

Спална соба

Американското здружение на педијатри препорачува детето до првата година да спие во иста просторија со своите родители. Спалната соба ќе ја делите со новиот член на семејството барем првите неколку месеци и затоа е важно правилно да се подготвите.

  1. Пред да одите во породилиште, добро е да ја смените постелнината на Вашиот кревет и на детското креветче. По неколку дена поминати во болница, чувството на свежина и чистота ќе Ви дојде исклучително добро. Предлагаме постелнината да биде од органски памук затоа што „дише“ и нема дополнителни хемикалии. Ставете неколку дополнителни перници на креветот за да Ви биде полесно доењето и полесно да ги поминете долгите (непроспиени) ноќи.
  2. Најдобро е бебето ноќе да спие во креветчето до креветот на родителите. Одлично е ако можете да купите креветче кое може да расте заедно со детето – од пристигнувањето од породилиште до првата година. Наместо креветче во првите неколку месеци можете да користите бебешко гнездо што ќе го поставите во вашиот кревет.
  3. Доколку доите, подгответе тивко катче во спалната соба. Поставете удобен стол и перница, ламба за ноќно доење, ќебе и пешкирче, а може и шишенце за да го нахраните бебето ако работите не одат според планот.
  4. Во спалната соба подгответе торба за менување пелени, подлога и марамчиња, која може да ви заштеди многу време во првите месеци. Ако имате доволно голема спална соба, од детската соба можете да донесете сè што Ви е потребно за преслекување на бебето, се додека бебето не се пресели во својата соба.

Детска соба

Otroška sobaДетската соба можеби нема да се користи во првите неколку месеци, но претходна подготовка може да го олесни почетниот период. Доколку немате доволно голем стан, можете да го поставите катчето за бебето во други простории. Вие само треба да преместите одредено парче мебел или да купите ново.

  1. Просторот за преслекување на бебето е многу важен и мора да биде подготвен пред да пристигне бебето. Може да го опремите со подлога за преслекување што ќе ја ставите на маса, на комода или плакар, но секако можете да купите и масичка за преслекување на бебето. Обрнете посебно внимание на висината за да не се виткате премногу Вие и Вашиот партнер додека го преслекувате бебето. Без оглед што ќе одберете, проверете дали имате доволно простор за сите работи кои Ви се потребни. Тука спаѓаат ќебенце, марамчиња, пелени, облека за бебето, играчки, производи за нега на кожа, корпа за отпадоци и сад со вода за чистење на газето. Покрај просторот каде ќе го преслекувате бебето поставете и ламба која ќе Ви се најде навечер и во текот на ноќта.
  2. Детското креветче на почеток можете да го користите во спалната соба, а потоа да го преместите во детската соба. Можете да го подготвите креветчето порано и да го користите како безбедно место за бебето во текот на денот.
  3. Местото за игра е исклучително важно бидејќи му овозможува на детето да развие чувство за своето тело, координација и да добие чувство за простор. Тим научници докажале дека играта е многу важна за развојот на детето, бидејќи обезбедува емоционални, физички, когнитивни и социјални придобивки. Во исто време, детето учи за позитивните и негативните последици од неговите постапки во безбедна средина и развива имагинација. На подот поставете голема мека подлога за вежбање или подлога од пена на која детето ќе може слободно да се движи и да си игра. Можете исто така да ставите лак на основата од која висат разни играчки кои го одвлекуваат вниманието и го забавуваат детето. Подгответе и кутија меки играчки и кутија со книги.
  4. На почетокот, детската облека можете да ја чувате во фиока под подлогата за преслекување. Можете исто така да подготвите плакар со алишта за новиот член на семејството. Бидејќи детската облека е мала и лесно може да се нареди, препорачуваме плакарот да има повеќе фиоки. Наредете ја облеката хоризонтално за да имате подобар преглед на алиштата. Сепак, бидејќи малите деца растат брзо, добро е да се обезбеди малку повеќе простор при префрлување од една во друга големина.
  5. Не заборавајте да уживате во опремувањето и подготвувањето на просторијата. Размислете за боите кои сакате да ги користите, можеби да биде и тематска детска соба, тапети за ѕидовите, ламби и завеси кои ќе ја разубават просторијата. Дајте и слобода на Вашата имагинација.

Дневна соба

Dnevna sobaПо враќањето од породилиште, веројатно ќе поминете многу време во дневната соба. По неколку месеци, тоа ќе биде местото каде Вашето дете често ќе си игра, а Вие можете да гледате телевизија и да се забавувате со активностите кои Ви го пополнуваат времето. Затоа е важно правилно да се подготви просторијата за периодот после враќање од породилиште, затоа што многу опасности можат да бидат скриени во неа.

  1. Прегледајте ја просторијата и обезбедете ги сите остри рабови каде што детето ќе може да се повреди. Ќе Ви биде од помош доколку застанете и ја истражувате просторијата низ очите на новороденчето. Не заборавајте да ги подготвите и скриете сите електрични кабли и приклучоци, кои се доста на број во дневната соба.
  2. И овде можете да направите катче за преслекување на бебето кое ќе Ви заштеди многу време и енергија. Можете да подготвите торба со сите потребни работи за преслекување на бебето или да ги ставите сите потребни работи во фиока (можеби под ТВ) или под каучот. На тој начин, секогаш ќе имате при рака сè што Ви е потребно, а во текот на денот ќе биде безбедно скриено од Вашето малечко.
  3. Некаде во собата, подгответе детско катче во кој ќе поставите лулашка и подлога за игра. Секако, не заборавајте на играчките или книгите со кои ќе ги поминувате деновите заедно.

Бања

KopalnicaВеќе споменавме дека можете да подготвите катче за преслекување на бебето во спалната соба или во детската соба. Многу родители, сепак, одлучуваат да го сместат во бањата, на пр. на машината за перење (бидејќи брзо станува премала, пожелно е да се постави поголема дрвена основа со ограда на неа). Во споредба со спалната соба, каде пониската температура е важна за поквалитетен сон, бањата е постојано топла, а во исто време водата е постојано при рака. Можете да изберете да го поставите катчето за преслекување на бебето во бањата или само да подготвите торба за итни случаи.

Покрај тоа што ќе менувате пелени, во бањата ќе го капете Вашето бебенце. Капењето на Вашето бебе е извонредно искуство што Ве поврзува со бебето, го релаксира Вашето бебе, но во исто време и го прави уморно. Кога детето ќе порасне, капењето ќе стане забавно, особено кога ќе се навикне на водата.

  1. Во првите месеци, кога детето сè уште се навикнува на водата, можеме да му помогнеме со капење во бебешка када или подлога за капење. Бебешката када е повеќе практична на почетокот бидејќи повеќето кадички за капење имаат полица за складирање, термометар и рачка, што на родителите им го олеснува капењето на бебето. Но, бидете внимателни затоа што детето наскоро ќе ја надрасне кадата и нема да биде корисна. Затоа Ви препорачуваме да изберете када со седиште кое што може да се отстрани и таквата када можете да ја користите подолго време.
  2. Веднаш по раѓањето не е потребно многу за одржување на личната хигиена на бебето. Капете го бебето во млака вода, но исто така можете да додадете купка со меурчиња за да го забавувате бебето со меурчињата. Додатоци за лична нега, исто така, вклучуваат и хидратантен крем за кожа, бебешки шампон, сунѓер за бањање, пешкири, термометар за вода, грицкалка за нокти и памучна вата. Секако, не заборавајте дека сè мора да биде соодветно за новороденчето и неговата чувствителна кожа. Природната и органска козметика се дефинитивно најдобриот избор.
  3. Не заборавајте да ја подготвите бањата и за Вашите потреби. Однапред набавете влошки за деновите по породувањето, сув шампон, влошки за гради и производи за Вашата нега. Иако во пост породилниот период сè се врти околу новиот член на семејството, сепак не заборавајте да одвоите доволно време за себе.

Кујна

Пред доаѓањето на новороденчето, обрнете посебно внимание на кујната. Просторијата во која веројатно поминувате многу време, одеднаш ќе Ви изгледа многу опасна. Иако во првите неколку дена нема да имате многу време за готвење и миење садови, потребно е просторот да биде подготвен за доаѓање на новиот член.

  1. Отстранете сè што може да биде опасно за новороденчето. Вашето дете наскоро ќе може да ползи и нема да потрае долго за да ги открие сите опасни предмети на дофат на прстите.
  2. Пред да одите во породилиштето, темелно измијте ја и исчистете ја целата кујна. Испразнете го кујнското биро бидејќи ќе Ви биде потребен простор за детски предмети.
  3. Во кујната ставете високо столче или клацкалка каде што можете да го сместите Вашето дете додека работите во кујната. Бидете сигурни дека просторот е безбеден и забавен за Вашето дете, бидејќи тоа ќе помине многу време во кујната.
  4. Додека ја средувате кујната, испразнете неколку фиоки и плакари затоа што ќе Ви биде потребен простор за детски работи. Ве советуваме секогаш да имате на располагање неколку шишиња за млеко и четка за шишиња и подгответе простор на кујнската плотна за стерилизатор за шишиња. Првите неколку дена по пристигнувањето од породилиштето нема да имате време да ги миете садовите, па многу нови мајки се одлучуваат да купат хартиени чинии и чаши затоа што заштедуваат време.

Еве неколку совети од нашите баби пред да се вратите од породилиште:

  • Подгответе и замрзнете неколку оброци за себе.
  • Оставете простор за млеко во фрижидерот и замрзнувачот.
  • Направете обиколка околу целиот дом – потрудете се да го видите светот низ очите на Вашето малечко.
  • Заштитете ги опасните површини во Вашиот дом (заштита за бебиња).
  • Погледнете ја нашата листа на работи кои мора да ги имате пред да се роди бебето
  • Ако ова не е Ваше прво дете, не заборавајте да обрнете малку внимание на постарите деца и да ги расположите со мало изненадување.

Безбеден, чист и добро опремен дом може да го пречека новиот член на Вашето семејство.

Извори:

Планирање на бременост

Дали планирате да го проширите семејството? Зачнувањето е многу важна одлука затоа што внесува нова радост и грижа во животот на идната мајка.

Прочитај повеќе

Бременост

Секоја бременост е нешто посебно. Што ќе се случи за време на бременоста, како да се подготвите за бременоста и за породувањето, кои се упатствата за исхрана во бременоста.

Прочитај повеќе