Novalac Prenatal капсули > Бременост > Тестот е позитивен − Кога и како да се споделат добрите вести

Тестот е позитивен − Кога и како да се споделат добрите вести

Позитивен тест за бременост е само почеток на прекрасниот период кој Ви следи. Најверојатно веќе танцувавте низ станот, по малку сте и исплашени или можеби пуштивте и по некоја солза радосница. Покрај се, нестрпливо чекате на сите да им ги споделите убавите вести и да го споделите своето воодушевување со Вашиот сакан. Веста за новиот член на семејството можете да ја споделите на неколку начини, но пред споделувањето прочитајте ги информациите подолу во текстот за тоа како полесно да одлучите и на кој начин да ја споделите веста.

Како да се објави бременоста?

Kdaj oznaniti nosečnost?Не постои вистинско време кога да се сподели веста за бременоста. Некои бремени жени се нестрпливи и сакаат што побрзо да ги споделат добрите вести. Додека пак повеќето чекаат да поминат најмалку 12 недели додека да поминат првите прегледи и да се сигурни дека со бебето е се во ред. Можете да одлучите и да не ја споделувате веста се додека Вашиот стомак не Ве издаде. За што и да се одлучите, изборот е Ваш и вистинскиот за Вас. Меѓутоа, секако е добро да се сподели веста со најблиските, бидејќи на тој начин ќе имате поддршка во миговите кога Ви е најпотребна.

Откривање на бременоста во првите недели

Споделување на веста со најмилите во првите недели од бременоста може да биде доста стресно за Вас, но истовремено ќе имате емоционална поддршка и помош која добро ќе Ви дојде на почетокот од бременоста. Мачнина, вртоглавица и останати проблеми кои се јавуваат на почетокот од бременоста, ќе ги надминете многу полесно со помош на Вашите најмили, а покрај се и нема да бидете сами кога ќе се соочувате со овие проблеми. Исто така Ве советуваме веста да ја споделите и со Вашиот работодавач, доколку Вашата работа вклучува и физички напор или работа со опасни хемикалии. Помал напор, сигурно ќе Ви ја олесни бременоста. Секако е пожелно што побрзо да го посетите Вашиот гинеколог.

Откривање на полот по 12-та недела од бременоста

Повеќето бремени жени решиле да почекаат барем до 12 та недела од бременоста или до отчукувањата на срцевата акција на ултразвук. Шансите за спонтан абортус во овој период се мали, а истовремено фетусот веќе поминува низ повеќе неверојатни промени кои би можеле да влијаат на неговиот развој. Помеѓу 11 та и 13 та недела се мери и нухална транслуценција (нухален набор), која е и дополнителна потврда на развојот на фетусот и покажува можни промени. Со чекање можете да ја избегнете непријатноста и тешките разговори, а истовремено Вие и Вашиот партнер имате и приватност и време правилно да се подготвите за бременоста.

Не можете да се одлучите?

Споделување на веста за бременоста е голем чекор и е во ред доколку си дадете време за да донесете одлука за истото. Доколку сеуште не сте сосема сигурни што е добро за Вас, потрудете се да одговорите на прашањата подолу во текстот. Можеби одговорите ќе Ви помогнат во одлуката:

  • Дали имам ризична бременост или здравствени проблеми кои ја зголемуваат можноста за спонтан абортус?
  • Како ќе се чувствувам по споделување на веста за бременоста: подобро или полошо?
  • Дали би сакала да имам поддршка од саканите во случај да тргне нешто на лошо?
  • Колку ни е важна приватноста на мене и на мојот партнер?

Објава за бременоста на свој начин

PartnerОдлучивте да ја споделите веста со другите, но сега мора да одлучите на кого и на кој начин тоа ќе го кажете. Најверојатно најпрво веста за новиот член во семејството ќе ја споделите со својот партнер, доколку заедно не сте го направиле тестот за бременост. Најчесто паровите во тие моменти одлучуваат да ја споделуваат веста постепено. Прво ќе им ја споделат на членовите од своето семејство, потоа на блиските пријатели и поширокото семејство, а потоа на своите соработници и на “пошироката околина“. Овој редослед не е задолжителен и веста можете да ја споделите на сите одеднаш или со поинаков распоред. Сепак, важно е тоа да бидат луѓето кои ги сакате и кои би биле среќни за Вас и ќе Ви дадат поддршка.

Партнер

Споделување на веста за Вашето дете може да биде исклучителен и посебен момент кој ќе го паметите цел живот. Можете да ја споделите веста сосема спонтано во живо или по телефон, но можете да организирате и посебно изненадување. Подоле во текстот има неколку креативни начини како да направите објави за Вашиот нов заеднички пат.

  • Дајте му чинија, чаша, мало боди или некоја друга корисна работа со натпис: ЌЕ СТАНЕШ ТАТКО. Изненадувањето е загарантирано, а истовремено ќе има подарок кој секогаш ќе го потсетува на тој ден.
  • За појадок на масата подгответе дополнителна чинија, прибор и чаша. Потоа на чинијата ставите хартија со натпис: ЌЕ ВИ СЕ ПРИДРУЖАМ [ДАТУМОТ НА РАЃАЊЕ]. Иако и празното место е доволно информативно, пораката дополнително ќе додаде бран на воодушевување од страната на идниот татко. Slika glasi: ЌЕ ВИ СЕ ПРИДРУЖАМ ВО ЈУНИ 2021 ГОДИНА
  • PartnerИзненадете го со посебна пратка. Пратете му пакет кој содржи навестување дека очекувате дете. Тоа можат да бидат пелени, боди или цуцла. Во првите моменти сигурно ќе биде збунет или може и да помисли дека примил погрешен пакет, но наскоро ќе го сфати значењето на пакетот.

Родители

Идните баби и дедовци сигурно на неколку наврати Ве прашале кога ќе добијат внучиња. Сега конечно можете да ја споделите оваа убава вест со нив. Избравме два начина како да ги изненадите родителите и да ги информирате за нивниот “напредок“.

  • Фотографирајте се со партнерот или сами со натпис на кој ја објавувате бременоста, но можете да го сликате и само натписот. Потоа исечете ја фотографијата на неколку парчиња во различна големина или испечатете ја во облик на сложувалка. Тоа сигурно ќе биде најдобрата сложувалка која некогаш ја направиле.
  • На родителите подарете им честитка со налепница за гребење на која пишува мама и тато. Кога ќе ја изгребат налепницата, се чита пораката: ЧЕСТИТАМЕ ЌЕ СТАНЕТЕ БАБА И ДЕДО. Честитката е толку симпатично изненадување и истата можат и да ја врамат за спомен.

Пријатели и познаници

Нема ништо поубаво од веста за бременоста која треба да се сподели со своите најдобри пријатели. Нема повеќе криење на стомакот, барање изговори за да избегнете алкохол и носење на широка облека. Нивната искрена радост и среќа го прават овој момент совршен. На некои пријатели веста за бременоста ќе им ја соопштите лично, додека поголемиот дел на пријатели и познаници најверојатно веста за Вашиот нов член на семејството ќе ја дознаат преку телефон или од слика на социјалните мрежи. Најдовме неколку слатки предлози на слики кои ќе ги расположат Вашите пријатели.

  • Сами или со партнерот објавете фотографии со позитивниот тест за бременост. На тој начин недвосмислено ќе ја соопштите Вашата вест.
  • По ултразвук можете да испратите или објавите фотографија од Вашето бебе.
  • Се попопуларна е таблата со зборови и детско боди кое на убав и симпатичен начин ја објавуваат бременоста.

Пред да ја објавите веста за бременоста, морате да донесете неколку одлуки. Но не грижете се, радоста ќе пристигне без оглед на кој начин ќе одберете да ја објавите веста за бременоста. Бидете креативни, забавувајте се и другите со сигурност ќе го забележат Вашето воодушевување.

Дури и пред објава на бременоста потребно е да обезбедите здрав развој на детето и мирен тек на бременоста. При тоа не заборавајте соодветно да внесувате витамини, минерали и хранливи состојки кои Ви се потребни на Вас и на Вашето бебе. Се што Ви е потребно во соодветна количина го содржат Novalac Prenatal капсулите.

Планирање на бременост

Дали планирате да го проширите семејството? Зачнувањето е многу важна одлука затоа што внесува нова радост и грижа во животот на идната мајка.

Прочитај повеќе

Бременост

Секоја бременост е нешто посебно. Што ќе се случи за време на бременоста, како да се подготвите за бременоста и за породувањето, кои се упатствата за исхрана во бременоста.

Прочитај повеќе