Novalac Prenatal капсули > Бременост > Момче или девојче? Откријте со помош на мудростите на нашите баби

Момче или девојче? Откријте со помош на мудростите на нашите баби

Ви честитаме! Најверојатно овде Ве доведе убавата вест дека наскоро ќе станете мајка. Ви претстои еден од најубавите периоди од Вашиот живот и наскоро ќе започнете да се прашувате: момче или девојче?

Prednosti poznavanja spola Потполно е разбирливо доколку сакате полот на Вашето дете да остане тајна до раѓањето. Што и да одберете е правилно, но постојат неколку предности доколку полот на детето го откриете за време на бременоста.

Предности доколку го знаете полот

  • Пребарување и избор на вистинското име за детето е полесно доколку однапред го знаете полот на детето. Во исто време имате и повеќе време за истото.
  • Доколку го знаете полот на детето тоа може да Ви олесни во купување на потребнитеработи и опрема на детската соба, се разбира доколку сакате бојата да ја прилагодите спрема полот на детето.
  • Љубопитност, а со тоа и радоста при откривање на полот, можат да бидат одлични во поврзувањето на семејството и детето.

Секако, најсигурна и најпрепознатлива метода за откривање на полот на детето е ултразвук во вториот семестар од бременоста. Доколку вашето бебенце не ги свиткало ноџињата, полот на бебето ќе го откриете околу 20 та недела од бременоста, можеби и малку порано.

Но да се чека 20 недели за таква вест, може да биде предолго за нетрпеливата мајка. Доколку сте една од тие, за Вас собравме неколку забавни мудрости од нашите баби со чија помош некогаш го погодувале полот на детето. Иако собраните совети веќе долго се пренесуваат од колено на колено, имајте на ум дека истите не се научно докажани. За некој од нив најверојатно веќе сте чуле, а можеби и пробале. Знаете, малку забава во ова прекрасно време сигурно не е на одмет.

15 бабини мудрости кои можат да помогнат во одредување на полт

 

  1. Утринска мачнина
    Сигурно сте слушнале за утринските мачнини кои се јавуваат во првото тромесечје, кои за жал не се јавуваат само наутро. Доколку имате силни мачнини во почетокот на бременоста, кои продолжуваат и во второто тромесечје, можете да очекувате девојче.
  2. Положба на стомакот
    Старото правило вели дека жените кои имаат високо поставен стомак, очекуваат девојче. Додека кај жените каде стомакот е поставен пониско, наводно очекуваат момче.
  3. Облик на стомакот
    Не сте сигурни дали стомакот Ви е поставен високо или ниско. Погледнете го неговиот облик. Доколку под маицата изгледа како топка, тоа укажува на машко дете. Поширок стомак укажува на женско дете.
  4. Изглед на кожата
    » Девојчињата ја крадат убавината на мајката«, ова е израз кој најмногу се забележува на Вашата кожа. Акните и масната кожа означуваат дека очекувате девојче. Додека пак чиста кожа и труднички сјај укажуваат на момче.
  5. Linea negra (исто така и “linea nigra”)
    Linea negra претставува израз за темната линија која се појавува на стомакот кај трудниците и се протега од срамната коска вертикално нагоре. Доколку Вашата линија завршува под папокот, тогаш носите девојче. Доколку линијата продолжува до ребрата и градите, тогаш носите момче.
  6. Време на зачнување
    Многу суеверија го поврзуваат месецот и периодот од годината со полот на детето. Доколку забремените во непарните месеци, тоа би значело дека имате поголема можност за момче, а во парните за девојче.
  7. Тест со прстен
    За овој совет Ви е потребен прстен кој што е закачен на конец. Држете го конецот над Вашиот стомак така што прстенот виси пред него, но да не го допира. Доколку прстенот кружи, најверојатно очекувате момче, но доколку се движи напред и назад, очекувате девојче.
  8. Татковци
    Дали Вашиот партнер малку се здебелил откако останавте бремена? Тогаш очекувате девојче.
  9. Желба за храна
    Познато е дека идните мајки во бременоста сакаат необични комбинации на храна. Доколку имате желба за слатка храна, очекувате девојче. Солена и зачинета храна укажува на момче.
  10. Промена на расположението
    Промените на расположение во бременоста не се изненадувачки поради хормоналните промени. Но поголеми и подолги промени може да укажуваат на девојче.
  11. Големина на градите
    Иако градите се зголемуваат кај секоја бремена жена, изразито зголемени би можеле да алудираат дека ќе добиете син.
  12. Срцево отчукување
    Приказните од бабите говорат дека отчукувањето на срцето на бебето може да го открие полот. Отчукувањата на срцето над 140 во минута упатуваат дека ќе добиете нестрпливо девојче, додека пак пулс под 140 отчукувања во минута сугерира дека ќе биде мирно момче.
  13. Експеримент со сода бикарбона
    Овој тест, кој со 80 % на точност може да Ви го открие полот на Вашето бебе, можете да го направите дома со сода бикарбона и со Вашата урина. Двете состојки спојте ги во еден сад и набљудувајте. Доколку смесата почне да пени, носите момче, доколку ништо не се случува, носите девојче.
  14. Бојата на брадавиците
    Дојките во текот на бременоста поминуваат низ неколку промени. Освен зголемување и осетливост, брадавиците може да добијат потемна боја. Таа промена укажува дека ќе имате момче.
  15. Положбата на спиењето
    Секоја бремена жена има своја омилена положба на спиење во која најдобро се чувствува. Внимавајте при следното одмарање−доколку сакате да лежите на левата страна, носите момче, а доколку повеќе сакате да лежите на десната страна, носите девојче.

Zbrali smo le nekaj ljudskih vraž, ki ti lahko pomagajo pri določitvi spola otroka.Собравме само неколку народни верувања кои можат да Ви помогнат во откривање на полот на детето. Можете да испробате еден или повеќе и потоа да ги споредите резултатите. Но не заборавајте дека тоа се стари митови кои ништо не Ви гарантираат. За да бидете добро подготвени и информирани во текот на Вашата бременост, за потврда на полот на детето посетете гинеколог.

Без оглед на полот на детето, веруваме дека Вашата најголема грижа е да имате мирна бременост и здраво дете. Затоа во текот на бременоста немојте да заборавите на соодветен внес на витамини, минерали и хранливи состојки кои Ви се потребни на Вас и на Вашето дете. Се што Ви е потребно, во соодветна количина содржат Novalac Prenatal капсулите.

Планирање на бременост

Дали планирате да го проширите семејството? Зачнувањето е многу важна одлука затоа што внесува нова радост и грижа во животот на идната мајка.

Прочитај повеќе

Бременост

Секоја бременост е нешто посебно. Што ќе се случи за време на бременоста, како да се подготвите за бременоста и за породувањето, кои се упатствата за исхрана во бременоста.

Прочитај повеќе